Франција ги забрани „нездраво слабите манекенки“, отсега ќе им треба потврда од доктор дека се здрави

Франција отсега е прва земја која ги забрани нездраво слабите модели, во нов закон кој треба да ја исправи „нереалистичната слика за убавината“ и да ги намали пореметувањата со исхрана.

Од манекенките ќе се бара да обезбедат докторска потврда, која се однесува на нивното севкупно здравје и која потврдува дека нивниот индекс на телесна маса е во здрав размер за тие да бидат способни да работат.

Мерката ќе биде споредена со дефинициите за неухранетост на Светската здравствена организација, за да се одлучи дали манекенката смее да работи. Сепак, не е поставен минимум индекс на телесна маса, поради протести од страна на агенциите за модели.

Француската министерка за социјална работа и здравје, Марисол Турен, вели дека документите ќе бидат валидни за две години, доколку „состојбата на нивното здравје е компатибилна со нивното здравје“.

„Експонирањето на младите на норматив и нереалистична слика на нивното тело, води до себе-омраза и лоша самодоверба, кои можат да влијаат на однесувањето и здравјето“, додава таа.

„Овие два закони имаат за цел да влијаат на стандардите за изглед на телото во општеството, за да ја избегнат промоцијата на невозможните идели за убавина и да спречат анорексија кај младите луѓе. Целта е и да се заштити здравјето на дел од населението кој е во најголем ризик – моделите“.

Законот го поддржаа француските пратеници во 2015 година, кои изгласаа да се казнуваат работодавците кои ги прекршуваат правилата со шестмесечна затворска казна и парична казна од 75.000 евра.