Фрaнција чекор напред против непотизмот – забрана за политичарите да го вработуваат семејството

Со новиот закон за моралност во политичкиот живот, политичарите во Франција ќе бидат санкционирани за непотизам.

Овој закон беше усвоен од францускиот парламент, а со него се забранува на министрите, пратениците и на локалните власти да го вработуваат своето семејство  – сопружниците, родителите и децата. Во спротивно ќе бидат казнети со три години затвор и 45.000 евра.

Претседателот Емануел Макрон вети брзо усвојување на законот, кој доаѓа откако претседателската кампања беше „зачинета“ со скандали со подобности на некои кандидати.