Foursquare го направи најавениот редизајн, корисниците главно незадоволни

Новата, четврта верзија на една од најпопуларните мобилни апликации – Foursquare донесе комплетен редизајн и нови функции. Во апдејтот, кој компанијата го најави уште пред неколку месеци, најголемата новина е што не можете да се „чекирате“ преку апликацијата.

Foursquare направи голем редизајн

Засега има голем број на негативни и помалку позитивни реакции за новата верзија. Foursquare преминува од апликација која ја користите за чекирање во апликација која ги учи вашите вкусови и ви дава персонализирани препораки. Доколку сакате да продолжите да се чекирате, ќе морате да ја симнете посебната апликација Swarm.

Новата верзија на Foursquare има целосно нов дизајн, во кој дури и логото е променето. Наместо чекирање, сега ја одбирате вашата локација и потоа одбирате ваши вкусови и преференци (на пример каква храна сакате, дали сакате коктели, каков вид на музика, дали да биде на отворено или затворен простор и слично), а потоа апликацијата ја користи датабазата за да ви даде персонализирани препораки.

Foursquare направи голем редизајн

Во базата веќе постојат 55 милиони препораки од целиот свет, а Foursquare ќе продолжи да ги учи вашите вкусови преку чекирањата во посебната апликација Swarm . Повеќето корисници ова го дочекаа како непосакувана промена, но останува да видиме како ќе се развива апликацијата со текот на времето.

Извор