[Фото+видео] Енергичните настапи на Балоски и Калкбренер го отворија Green Beach во Струга

Со енергични настапи до три часот наутро синоќа во Струга започна 10-тото, јубилејно издание на фестивалот на електронска музика Green Beach.

Фестивалот го отвори македонскиот диџеј Балоски со свој сет од 22 часот, по што на сцената се појави еден од моментално најбараните техно артисти – Пол Калкбренер.

 

View this post on Instagram

 

Highlights from @greenbeachfestival 🎵 @baloski_ @iampaulkalkbrenner

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Публиката танцуваше и уживаше во настапот на Калкбренер, кој за првпат настапува во државата во рамки на неговата актуелна светска турнеја „Parts Of Life“.

Она што е карактеристично за него е тоа што настапува исклучиво во живо, правејќи ги неговите сетови секогаш непредвидливи. Така што публиката синоќа имаше уникатна прилика да го слушне врвниот уметник.

Во текот на вечерта, комбињата кои транзитираа од Охрид до местото на настапот беа исполнети до последно место.

Фестивалот продолжува и вечерва, со настапите на техно/хаус тандемот „Адриатик“ и македонските диџеи Давид Крстевски и Александар Младеновиќ. Ѕирнете на Инстаграм профилот на Радио МОФ за побитните мигови од фестивалската вечер.

Георги Божиновски/Мартин Колоски