„ФотоСинтеза!“ – Изложба на алтернативна фотографија во „Мала станица“

Изложбата на алтернативни фотографии со дела избрани на меѓународен јавен повик, од стручно меѓународно жири, ќе се отвори на 27 јуни, петок, со почеток во 20 часот во мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје. Изложбата се реализира во рамки на „Зрно“ – фестивал на алтернативна фотографија, кој годинава се одржува по четврти пат под мотото „ФотоСинтеза!“ и претставува платформа посветена на некомерцијални, експериментални и авторски фотографски практики.

Фото: Андрас Согор

„Фестивалот ги промовира современаите трендови во фотографијата, слободата на визуелниот израз, аналогните процеси, рачно изработените уникатни дела и едукацијата за аналогна фотографија преку работилници, публикации, предавања и изложби. Фестивалот ‘Зрно’ низ годините донесе долгоочекувана свежина во зачмаениот македонски фотографски простор, ја разбуди и поттикна светската и домашната фотографска сцена“, посочуваат од „Зрно“.

Фото: Ерика Вон Ессен

Како што раскажуваат оттаму, избраните дела доаѓаат од автори од повеќе земји од разни кошиња на светот, набиени со креативен авторски израз и ја одразуваат широчината на современите тенденции во областа на алтернативната и експериментална фотографија.

Фото: Ана Мелникова

„Зрно 2025“ е делумно поддржан од Министерството за Култура.