Активистите од Шарената револуција вечерва со акција од мостот „Око” порачаа дека се ближи крајниот рок за исполнување на нивните барања за потврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство и запирање на прогонот кон луѓето што бојат и излегуваат на проести.
„ Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон. Одбројуваме уште шест дена до 18 јуни!“, порачаа од Шарената револуција.