Фотографка поминала 14 години документирајќи ги најстарите дрвја на светот

Бет Мун е фотографка од Сан Франциско, која ги поминала последните 14 години од нејзиниот живот во потрага по најстарите дрвја кои сé уште постојат на сите краеви на светот.

Неодамна ги објави своите дела во книгата со наслов Ancient Trees: Portraits of Time. Патувајќи низ глобусот со паузи на речиси секој континент, Мун ги пронашла најголемите, најретките и најстарите дрва на планетата Земја.

Своите дела ги преработува со платинумско-паладиумски процес, екстремно тежок и редок начин на развивање на фотографии. Но, предноста е што на овој начин, фотографиите се доволно долготрајни, што можат да ги надживеат дури и нејзините субјекти, кои постојат можеби и илјадници години.

Фотографката ја продолжува својата работа со серија на фотографии од дрва направени само на ѕвездена светлина, која го носи името Diamond Nights.