Фотографијата што стана симбол на расните протести во САД

Фотограцијата на демонстрантка во Батон Руж, во Луизијана, која е дел од движењето „Црните животи значат (Black Lives Matter)“, го обиколи светот и стана моќен симбол на конфликтот меѓу полицијата во САД и жителите кои се припадници на црната раса.

Повеќе од стотина лица беа уапсени пред зградата на полицијата за време на протестите по убиството Алтона Стерлинг кој минатата недела го затрелаа полициски службеници со неколку куршуми, откако претходно бил совладан на подот пред супермаркет. Во демонстрациите се уапсени и најмалку три новинари, како и познатиот активист Дереј Меккесон.

Жената на фотографијата ја снимил фотографот на Ројтерс, Џонатан Бекман  пред да биде уапсена бидејќи не сакала да се тргне од патот, објави Хафингтон пост.

Фотографот вели дека специјалците прво упатиле предупредување, а потоа почнале да ги отстрануваат демонстрантите од улицата, кога видел како една жена застанала тивко пред полицијата и одбила да се помести. Повеќето од протестите беа мирни, а постапката на демонстрантката тоа совршено го илустрира, вели фотографот.

Фотографијата се прошири на социјални мрежи, а жената во фустан и балетанки спроти полицијата во полна опрема станува симбол на движењето „Black Lives Matter“.