Фотографија од обично јајце доби 23 милиони „лајкови“ на Инстаграм

Обично јајце доби најголем број допаѓања досега на Инстаграм – дури 23 милиони.

Од неодамна на Инстаграм се појави профил насловен „world_record_egg” со цел да го сруши рекордот на објавата со најмногу допаѓања на социјалната мрежа, кој моментално го држи Кајли Џенер со 18 милиони лајкови.

„Кајли Џенер го држи рекордот на најмногу лајкови на Инстаграм објава, со 18 милиони. Можеме ли да го срушиме со фотографија од јајце?”, стои во описот на профилот кој го следат над 2,5 милиони корисници.

На профилот има само една објава од јајце. За еден ден, фотографијата собрала 23 милиони допаѓања.