Фотографија од јапонски новинар објавена цела година откако беше заробен во Сирија

Нова фотографија од Џумпеи Јасуда е објавена речиси една година откако јапонскиот новинар пристигна во Сирија и исчезна еден месец подоцна, во јули.

Се верува дека 42-годишниот Јасуда во заложништво го држи гранка на Ал Каеда, наречена Нусра фронт, која се бори против владата.

Групата ја испратила фотографијата на повеќе медиуми во неделата. На неа е прикажан Јасуда со подолга брада и коса од претходно.

Според Japan Times, на знакот кој Јасуда го држи на сликата на јапонски пишува: „Ве молам помогнете. Ова е последна шанса. Џумпеи Јасуда“.

Нусра фронтот бара откуп од јапонската влада. Се заканиле дека доколку владата не преговара со нив, ќе го предадат новинарот на Исламската држава, пренесува Mashable.

„Обезбедувањето на безбедноста на јапонските жители е најважната одговорност на владата. Правиме секаков обид за да се справиме со ситуацијата, преку координирање на повеќето мрежи за разузнавање“, изјавил Јошихиде Суга, секретар на кабинетот на Јапонија, за весникот Асахи Шимбун.

Не е јасно дали Јасуда влегол во Сирија доброволно минатата година, но во 2004 година, откако бил заложник во Ирак, изјавил дека е негова мисија да известува од воени зони.

Минатата година на 23 јуни, пред да замине во Сирија, фотографија од него била испратена во мејл до Кјодо Њуз, со пораката „Ќе се криумчарам во Сирија сам отсега“.