Фотографија на Роберт Атанасовски во топ 20 на „Франс прес“

Фотографија на која е прикажано загадувањето во Скопје се најде меѓу 20-те најдобри фотографии на агенцијата „Франс прес“ за 2018 година.

Автор на фотографијата е македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски, кој ја направил во декември минатата година од Водно. Таа ги прикажува висококатниците во Аеродром во периодот кога загадувањето во Скопје го достигна врвот.

На листата се најдоа и фотографии кои прикажуваат актуелни теми од воениот, спортскиот, забавниот и културниот свет. Сите фотографии може да ги погледнете на следниот линк.