Фотографија на Пандурска Драмиќанин ќе биде изложена меѓу десетте најдобри на Самитот за климатски промени на ОН

Нашата фотка со откорнатите елки од Крани, меѓу наградените на Фото конкурсот на тема климатски промени!, објави Фросина Пандурска Драмаќинин од МЕД, која аплицираше и влезе во потесна конкуренција, односно на трето место од над 200 фотографии од целиот свет.

Фотографијата, направена од Давор Драмиќанин, ќе биде изложена за време на Самитот за климатски промени на ОН предводен од млади активисти од светот.

Како што објаснува Пандурска Драмиќанин за Радио МОФ, фотографијата е направена во одморалиштето Крани, за време на нивниот одмор во месец август. Во Преспа, повеќе од 50 децениски дрвја беа уништени по невремето во јули.

На овој ЛИНК може да ги видите сите победнички фотографии на конкурсот.