Фотографиите денеска: многу повеќе од 1000 зборови

Велат дека една слика вреди 1000 зборови и во овој случај тие се во право. Една фотографија може да ја долови суштината на нешто моќно подобро од кој било писател или поет. Таа е едноставна, таа етокму тука пред вас, додека зборовите можат да бидат извадени од контекст, да се изгубат во преводот или нивното значење да збуни и погрешно да се протолкува. Фотографиите не се само мешавина на бои ставени на хартија – тие се нешто што може да ги разбуди чувствата во нас.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

 

Постојат стандардни примери за важноста на фотографиите. Според истражувањето на Pew Research Center“, интернет корисниците кликаат за 7.4 пати повеќе на содржините на интернет, ако тие содржат фотографии. Експертите за брендирање и маркетинг внимателно ги одбираат боите и сликите со цел ние да го одбереме токму нивниот производ.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

 

Но, зошто толку не привлекуваат овие слики? Како тие имаат толкава моќ врз нас?

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

Психолозите објаснуваат дека сликите помагаат полесно да се пренесат четири клучни стимуланси: очекувањата, чувствата, мотивацијата и културата. Сите четири очигледно имаат големо значење во секојдневниот човечки живот и допираат до внатрешниот идентитет. Фотографиите и визуелното исто така ја потикнуваат перцепцијата од оној кој ги прима.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

Ако поставите фотографија од момче и неговото куче пред вас и уште десет други луѓе, фотографијата најверојатно ќе има различно значење за секој од нив. Можеби еден од нив неодамна го загубил своето куче, додека друг имал лошо искуство со куче кога бил мал. Каков и да е случајот, реакцијата на секоја личност ќе биде основа на нивните претходни искуства и мислења. Нивната субјективност ќе ги обземе и ќе помогне да ги диктира емоциите што ги чувствуваат кога гледаат во таа слика.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

 

Во таа смисла, фотографиите не се само осамена замрзнати слики на еден миг. Тие се далекусежни потсетници на спомени, добри и лоши. Тие се катализатори на емотивни реакции. Тие се моќни врски со нешто поголемо од самите вас и визуелни претстави на вашите најдлабоки желби и стравови.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

Објаснувањето на ваквото расудување има смисла на интелектуално ниво. Вие разбирате дека А го предизвикува Б. Но, на крајот, постои причина зошто се вели дека „да видам, па да поверувам“. Ниеден збир на зборови или низа на реченици не може да се доближи до влијанието на една моќна слика. Гчедањето на нешто, без  оглед дали тоа е ужасна слика од војна или инспиративен пример на хуманост, автоматски и веднаш го прави тоа нешто вистинско.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

Јас сум писател, ги сакам зборовите. Но, дури и јас признавам дека во дигиталната ера, фотографија од некој сакан ми значи повеќе од една текстуална порака. Сликите можат многу посодржајно да го прикажат светот отколку комплицираната проза.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

Видете ги овие фотографии и тоа што се обидуваат тие да го претстават. Спротивставените идеологии на моќта и љубовта видени во слика на силно вооружени полициски сили свртени кон мирни демонстранти. Вистинската среќа која се гледа во фотографија на постара двојка која прави смешни изрази и се бакнува кога камерата ќе чкрапне. Надежта за подобар свет кога ќе видиме фотографија од 100.000 монаси кои се собираат за да се молат. Потсетник на тоа дека се е можно кога ќе погледнете фотографија на која Битлси имаат свирка во полупразна сала, само една година пред да станат славни. За сите овие фотографии не треба објаснување, бидејќи содржината на фотографиите зборува сама по себе.

Фотографии на интернет - 1000 (и повеќе) зборови

„Никогаш не сум читал, само гледам фотографии“- еднаш рекол Енди Ворхол.
А, зошто да не? Сликите се прекрасно комплексни во нивната едноставност – една фотографија може да раскаже цела приказна.

Да го парафразирам Ганди: имаш две очи и само една уста со причина.