Фотографии од заштитени подрачја во Србија и Бугарија победници на фото-конкурсот „Вики ја сака Земјата“

Од пештерата „Стопиќ“ во Србија, позната по прекрасниот сјај на варовниците, па се до густата Германска шума со боја на смарагд и прекрасните снежни површини чии врвови со височина над 2 028 метри се вивнуваат кон небото – жирито на третиот фото-конкурс „Вики ја сака Земјата“ ги објави победниците.

Боите на природата беа клучни во изборот на 15-те финалисти на натпреварот, кој претстави пејзажи направени од повеќе од 13 600 учесници. Првите 15 фотографии оваа година доаѓаат од Србија, Бугарија, Непал, Естонија, Украина, Шпанија, Австрија, Бразил, Германија и Тајланд.

Меѓународното жири имаше задачи да ги одбери финалистите од вкупно 115 000 испратени фотографии.

Годинава, конкурсотја прошири својата соработка со УНЕСКО.

Во продолжение, погледнете ги 15-те финалисти на фото-конкурсот, почнувајќи од најдобрите три фотографии.

Пештера Стопиќ, Србија

Единствената пустина во Источна Европа, Бугарија

Мустанг, Непал

Реката Ахја, Естонија

Бијали Слон, поранешна астрономска и метеоролошка опсерваторија на Полска

Фуертевентура, Шпанија

Реката Ваана, Естонија

Дел од Шладминг, Австрија

Токивске водопади, Украина

Националниот парк Ленчуа Маранхенсес, Бразил

Истата локација како бр.5 но во фотографирано во зима

Ветенбергер, заштитена шума во Германија

Националниот парк Као Сам Рој Јот, Тајланд

Паркот Тера Ронка, Бразил

Тара, Србија