Фотографии од Роберт Атанасовски за роденденот на Галерија 8

Фотографии од Роберт Атанасовски за роденденот на Галерија 8

„Галерија 8“ во Безистенот на Скопската стара чаршија вечерва во 20:00 часот ќе прослави три години постоење, со изложбата на фотографии со наслов „People“ од познатиот фотограф и фоторепортер Роберт Атанасовски.

„Посебно сме горди што роденденската изложба ќе биде на Роко – лик кој може да се пофали со искуство како дописник во France Press, фоторепортер и уредник на фотографија во Дневник, Нова, Македонија, Време, сега во mkd.mk. Еден куп награди за фотографија, факти кои велат дека неговите фотографии се споделуваат нa светски медиуми од калибарот на Washington Post, LA Times, Чикаго Трибјун“, велат од Галерија 8 каде што во изминативе три години биле поставени изложби на над 100 автори и се одржале многу свирки.

На изложбата ќе присуствува и светски популарниот академски сликар Адим Хебиб од Босна и Херцеговина. Тој годинава заокружува 35 години ликовна работа.

Фотографии од Роберт Атанасовски за роденденот на Галерија 8

Фотографии од Роберт Атанасовски за роденденот на Галерија 8

 Извор