„Фотографи(и)“: Драги Неделчевски – мали студии на човекот зад објективот

Фотографи(и)“ е насловена шестата самостојна фото-изложба на Драги Неделчевски, која во рамките на Деновите на македонска фотографија и манифестацијата Скопско лето 2014, од вчера (22 јули), е отворена во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка во Скопје. Станува збор за „мали студии на човекот зад објективот“.

„Фотографи(и)“: Драги Неделчевски - мали студии на човекот зад објективот

„Во фотографијата нема „мали“ и „големи“ теми, идеи или настани вредни за фотографирање. Пред некое време предизвикав на фотографски двобој десетмина фотографи (сопственици на фото апарати). Сакав да видам како на фотографија изгледаат луѓето во моментот кога ме фотографираат мене. Една наизглед попатна фотографска „зезанција“ ме награди со прекрасни портрети, мали студии на човекот зад објективот“.

Драги Неделчевски

Драги Неделчевски

Ова, меѓу другото ќе го прибележи Драги Неделчевски во каталогот за својата нова самостојна постановка, што во рамките на Денови на македонска фотографија и културната манифестација Скопско лето 2014, е поставена во Галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка.

„Ние фотографите сме воајери по природа на работата, а понекогаш сме можеби и доста суетни и често пати не се појавуваме на фотографии. Стоиме зад фотоапаратот и затоа јас сакав фотографот како институција да го прикажам на моите фотографии“, вели тој.
Авторот дополнува дека самиот не љуби „наместени фотографии“, но во случајов вели дека станува збор за проект во кој се прикажани 40 портрети на негови колеги и други јавни личности (меѓу кои Александар Кондев, Ангел Ситновски, Боро Рудиќ, Роберт Јанкуловски, Росица Лазеска, Дејан Шкартов…) кои се согласите откако ќе ги фотографира, да го сторат истото и тие.
„Фотографи(и)“: Драги Неделчевски - мали студии на човекот зад објективот

фотографија од вчерашната изложба: Ханис Багашов

Роден 1958 година во Тетово, Драги Неделчевски по професија е правник. Со фотографија се занимава од 1978 година и тој, две години подоцна, практично е еден од основачите на Фотокино студиото при Домот на културата „Иљо Антески – Смок“. Основач е и претседател на Фотокино клубот „Тетово“, како и на фото групата „Чкрап“ во родниот град. Активен член е на Фотосојузот на Македонија и соработува со Македонскиот центар за фотографија, а тој е и редовен учесник на групните и на заедничките изложби во земјава и во странство.
Целиот текст прочитајте го на Радио Слободна Европа.