Фотографот Stephen Orlando од Онтарио со неговите фотографии го прикажува движењето на музичарите додека свират на својот инструмент што всушност го претставува движењето на самиот звук. Со користење на лед светла и долга експозиција, Orlando го следи движењето на рамената и лактите.
Овој фотограф бил инспириран да го направи ова од сликарот Gjon Mili, кој исто така, експериментирал со виолини во 1952 година.