Фотограф ја документира најдобрата улична уметност во Њујорк пред таа да исчезне

Уличната уметност по природа е контроверзна. За некои, таа претставува вандализам, но за самите уметници, тоа е начин да ги прикажат социјалните и политичките струи во градот.

Авторот на „Галерија на отворено“, Јоав Литвин, е фотограф, писател, доктор по психологија и невронаучник кој ја почна својата мисија да ги документира најдобрите графити низ улиците на Њујорк.

„Покрај се, Њујорк е Мека за графити и улична уметност, и има интересна и проблематична историја“, вели Литвин.

Всушност, Њујорк е родното место на графити движењето од 1960 година, кое се претвори во уметноста што ја гледаме денес. Но, и покрај богатото минато со графити во градот, тоа не претставува уметност за секој. Латвин вели дека властите се „многу строги“, споредено со други места, а уметниците кои се фатени на дело може да добијат парична казна до 350 долари.

Во продолжение, погледнете дел од повеќето провокативни и забележителни дела изложени во градот, пред тие да исчезнат.

two-artists-tea