Фотограф ги отстранува мобилните телефони од фотографиите за да ја покаже отуѓеноста

Американскиот фотограф Eric Pickersgill ги отстрани смартфоните и дигиталните уреди од секојдневните фотографии. Проектот „Removed” цели да ја покаже зависноста од дигиталната технологија, која не го одминува и самиот фотограф.

Идејата за овој проект тој ја добил во кафуле во Њујорк.

„ Семејство седеше до мене во кафулето во Њујорк, толку оддалечени едни од други“, вели Pickersgill. „Немаше говорење. Таткото и двете ќерки ги имаа извадено своите телефони. Мајката немаше или беше одлучила да го остави настрана. Таа зјапаше кон прозорецот, тажна и сама во друштво на нејзиното најблиско семејство“, додава фотографот.

2

Тој постигнува надреален ефект во неговите фотографии,со тоа што бара од странци или пријатели да останат на својата позицијата, им ги отстранува нивните мобилни телефони, а потоа ги прави фотографиите.

7

10

11

15

14