[Фото] Животот во „Гоце“ два дена по поплавата

„Се уште пристигнуваат слики од студентите кои живеаат со „санираните“ штети од поплавите“, соопштија од Студентски пленум. Нефункционалноста на Гоце, револтирано додаваат од Пленумот, ги научи студентите на снаодливост по цена на нивното здравје, достоинство и потреба за нормален живот.

И две вечери по поплавата во дотраениот студентскиот дом „Гоце Делчев“ поради дождот во Скопје, студентите се уште мака мачат со последиците. Велат, оваа слика, вообичаена во есенските и зимските месеци, и натаму е мизерна реалност за студентите, кои и покрај постојаните ветувања на надлежните, и натаму немаат достоинствени услови за живот.

Каква беше денешната реалност во дел од собите во нискиот дел од Блок А во студентскиот дом, покажуваат фотографиите кои ги објави пленумот: