[Фото] Зелен студентски кампус во Виетнам

Лоциран во јужен Виенам, Хо Ши Мин (познат и како Сајгон) е најголемиот град во земјата, со население од речиси 8 милиони луѓе.

Тоа е голем град со големи згради и премногу луѓе, што за многумина претставува предизвик за секојдневен живот.FPT-University-Ho-Chi-Minh-City-4-750px-8913e25e19edc9a530b222301a95c343 FPT-University-Ho-Chi-Minh-City-9-750px-e60ea45b8fa4d7dbe64b9c17bc52e0c6 saigon-750px-3bfff3544e9f028c78c19c6b02923754 hochiminh-750px-4d1300c67b40619cee451a8faedbfec7 FPT-University-Ho-Chi-Minh-City-by-6-750px-6f8e0671e1e77292c2ad2e2f1f22f148 FPT-University-Ho-Chi-Minh-City-2-750px-ce787530f911e7fa0d8760ed5b25a1bd FPT-University-Ho-Chi-Minh-City-1-750px-e63d4f72be33d8e4e110ac1b837c81ea FPT-University-Ho-Chi-Minh-City-3-750px-1dec7bb5a546134d61db9023d22c31be

„Градовите, особено во земјите во развој како Виетнам, растат со таква брзина што инфраструктурата не може да одржува чекор“, вели тимот од Vo Trong Nghia Architects во интервју за Dezeen Magazine. „Товарот кој тоа го предизвикува на околината е видлив преку чести намалувања на енергијата, зголемено загадување, растечки температури и сé помалку зеленило“.

Кога од архитектите било побарано да дизајнираат нов урбан универзитетски кампус во Хо Ши Мин, на ум имале нешто радикално и сосема неурбанo.

Она што го смислиле е кампус со невообичаен дизајн – полн со тревни површини и дрва, инспириран од природата. Изгледа како град внатре во градот, освоен од вегетацијата.

Архитектонската фирма која специјализира во зелена архитектура ја користи втор пар својата  експертиза за „рурализирање“ на FPT University, приватен универзитет во Хо Ши Мин. Нивниот прв проект моментално се гради во Ханоj.

Нивниот пристап се опишува како мешавина од култура и одржливост:

„Преку експериментирање со светлината, ветерот и водата, и преку користење на природни и локални материјали, Vo Trong Nghia Architects воведуваат современ дизајн за да ги истражат новите начини за создавање на зелена архитектура во 21-виот век, истовремено одржувајќи го смисолот на азискиот архитектурен израз“.

Нивниот дизајн за универзитетот се истакнува против урбаната џунгла на Хо Ши Мин.

Наместо тоа, тие сакале поинаква џунгла – простор од 22482 метри квадратни кој експлодира со растителен свет, кој не го користат само за убавиот и релаксиран изглед, туку и затоа што концептот зависи од зеленилото.

Зеленилото, велат архитектите, „е неопходно за да обезбедува сенка и да го подобри квалитетот на воздухот, намалувајќи ја потребата од климитизација во кампусот“. А, за да се зачува вода, приземните градини ќе се наводнуваат од циркулирачки бунари.

Брзата урбанизација го претвори Хо Ши Мин  во „вжештен остров“, феномен кој се појавува кога градовите стануваат потопли од руралните подрачја околу нив бидејќи земјата, растенијата и шумите се заменети со бетон, челик, цигли и асфалт, кои ја заробуваат жештината.

Денес само 25 посто од Хо Ши Мин се покриени со растителен свет. Архитектите сметаа дека иако урбанизацијата е неопходна, загадувањето може да се одбегне.

Извор: Dezeen