[Фото] Завршија студентските избори на Шумарскиот факултет

Денеска на Шумарскиот факултет во Скопје се одржаа студентските избори за претседател и 13 членови на Факултетско студентско собрание. Непосредно пред затворањто на денешното гласање, кога екипата на Радио МОФ го посети факултетот,  беше празно и тивко.

Доцент д-р Бојан Симовски, претседател на избирачкиот одбор на Шумарскиот факултет, за Радио МОФ, вели дека излезеноста до 13 часот била 30%, односно од вкупно 143 студенти, гласале 43 студенти. Додава и дека изборите на факултетот кој брои 12 студиски групи, поминале без никакви проблеми.

Студентските избори доаѓаат по една и пол година од промената на законот за високо образование, а Шумарскиот факултет во Скопје на 30 ноември донесе одлука за распишување на избори за претседател и членови на факултетското студентско собрание.