[Фото] Заврши осмото издание на „Д фестивал“ во Дојран

Над 30 музичари и бендови настапија на четири посебни сцени на овогодинешниот „Д- фестивал” кој се одржа осма година по ред во Стар Дојран. Според организаторите, фестивалот го посетиле рекорден број граѓани. Годинава послужи и времето.

На главната сцена сместена на паркингот Гранит, на влезот на Стар Дојран, журките траеја до три часот по полноќ со домашна и странска популарна музика, по што забавата продолжуваше на сцената покрај езеро со транс звуци.

#my_baby #dfestival

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Претходно во кампот, забавата се одвиваше преку денот, на сцената Mosquito и во црквата Св. Илија. Покрај музика, камперите и останататите посетители на фестивалот, можеа да погледнат фудбалски натпревар на Светското првенство, домашен современ филм, или да се обидат да научат некоја нова вештина како изработка на стикери, стрелаштво, или јога.

Меѓу најпосетените настапи годинава се на: „Архангел“, Пол Ван Дајк, „Смат“, „Дисајплс“, „Пуси рајот“, „Севдализа“, Тенгри, К.У.Р, а како изненадување на последниот ден од фестивалот беше акустичниот настап на Ману Чао во црквата Илија.

the riot is on #pussy_riot #dfestival

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Fink на Д фестивал. #вторден

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Фестивалот заврши, но остана камперите да ги соберат своите шатори. Од Пасворд продукција информираат дека годинава капацитетите за сместување биле целосно пополнети.