[Фото] Започнува Првата парада на гордост во Скопје

Обвиени во боите на виножитото и со знаменца, граѓани се собираат во паркот Жена борец во Скопје за Првата парада на гордоста.

Поддршка има и од други држави.

– Тука сме за слобода на избор, за сите да сме еднакви, велат поддржувачите на Парадата за Радио МОФ.

Настанот, како што велат организаторите, е протестен марш, кој има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во земјата.

Маршот ќе започне од Жена борец, а ќе заврши во Градски парк каде ќе има говори и забава.

За повеќе информации следете го Радио МОФ на Инстаграм.