Обвиени во боите на виножитото и со знаменца, граѓани се собираат во паркот Жена борец во Скопје за Првата парада на гордоста.

Поддршка има и од други држави.
– Тука сме за слобода на избор, за сите да сме еднакви, велат поддржувачите на Парадата за Радио МОФ.

Настанот, како што велат организаторите, е протестен марш, кој има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон нееднаквоста со која живеат ЛГБТИ луѓето во земјата.
Маршот ќе започне од Жена борец, а ќе заврши во Градски парк каде ќе има говори и забава.
За повеќе информации следете го Радио МОФ на Инстаграм.
 
						 
								 
               
				![[Фото] Започнува Првата парада на гордост во Скопје](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2019/06/20190629_114136-702x336.jpg)