[Галерија] Протест за социјална правда и работнички права во Скопје

Со пароли „Колку повеќе политички кујни, толку повеќе гладни“, „До кога политичарите ќе живеат идеално, а работниците криминално“ и извикувајќи „Уа“, „Лопови“, голем број на синдикати и организациски членки на Повелбата за солидарност тргнаа на протест за социјална правда и работнички права во Скопје.

Тие сметаат дека сиромаштијата е повисока од кога било, работничките права се кршат секојдневно, невработените се бришат од евиденција наместо да им се најде работа и класните разлики се највисоки во Европа.

11174537_817712051644221_2019716583225874639_o

Протестот започна пред споменикот на Синдикатите меѓу двете светски војни, во близина на автобуската постројка на Југодрво, продолжи кон Собрание, Министерството за труд и социјална политика, а ќе заврши пред Владата.

Според организаторите, изминатата година најмногу на удар биле вработените во јавниот сектор, особено во администрацијата, на кои им се наметнале бројни нови правила за полесна контрола и за полесно отпуштање на неподобните. Тие посочуваат дека и хонорарните работници се изложени на осиромашување поради наметнатата обврска да плаќаат придонеси за хонорарите, а на вработените во образованието фактички им е укинато правото да штрајкуваат преку легализирањето на штрајкбрехерството.

Организаторите повикаа на масовна подршка и порачаа дека денеска не е ден за скара, туку ден за борба на работничките права. Протестот е организиран по повод Меѓународниот ден на работничката борба Први мај.