[Фото] Загаденоста на Скопје низ призмата на уметницата Симонида Филипова Китановска

Викдендов вниманието на скопјани кои уживаа на падините на Водно го привлече уметницата Симонида Филипова Китановска. На проѕирна површина од големо парче плексиглас таа го сликаше својот град.

Сликајќи го Скопје, таа ги нагласува сивите облаци, магливиот воздух, загадениот град. Поставката, како што се наведува во соопштението за настанот, е со една силна порака: „Невидливото сè потешко се брише…“, и #ОдТебеЗависи.

„Се надевам дека оваа активност ќе наиде на заинтересираност не само кај Скопјани туку кај сите граѓани во земјата. Би била среќна кога би размислиле сите за своите постапки, бидејќи доколку сакаат да му помогнат на својот град во намалувањето на загаденоста, секој прво треба да тргне од самиот себе и своите секојдневни навики. Само на тој начин, масовно здружени, сите заедно можеме да направиме промена во општестовото во кое живееме“, вели Филипова Китановска.

Погледнете ја галеријата во продолжение: