[Фото] Заборавената архитектура во предградијата на Париз

Францускиот фотограф Лорен Кронентал почнувајќи од 2011 година го документира животот во предградијата на главниот град Париз. Станбените објекти кои претставуваат еден вид споменик на некогашната париска архитектура се изградени помеѓу 50-тите и 80-тите, во периодот кога имало недостиг на станови и прилив на странски доселеници.

Старите бетонски градби даваат многу поразлична слика за тоа како Французите живеат, во споредба со градбите во центарот на Париз.

Кронентал вели дека е фасциниран од овие некогашни модерни објекти кои најчесто се заборавени од медиумите и потценети од јавноста. Тој се надева дека со неговите фотографии ќе го нагласи нивниот контраст.

Иако повремено низ фотографиите се забележува по некоја човечка силуета, зградите наликуваат на град со духови. Фотографиите на Кронентал ќе бидат изложени во француската Национална галерија до седми февруари.