[Фото] Воодушевувачка светлечка инсталација напојувана од срцебиењето на посетителите

Уметникот Пабло Гонзалес Варгас создаде огромна светлечка инсталација која реагира на колективното срцебиење на публиката. „Илумина“ е 11 метри висока уметничка скулптура која ги повикува набљудувачите да се приклучат на срцев монитор и да медитираат додека ја гледаат кулата. Откако ќе се усогласат отчукувањата на срцата, сијалиците на кулата почнуваат да светат.

Инсталацијата, чие мото е „Сите сме поврзани. Ние сме универзумот“, ги повикува гледачите да се поврзат со себе, меѓу себе и со универзумот.