[Фото] Волонтерска акција на младите од Неготино во дневниот центар „Порака“

Група од 20 волонтери од Неготино со повеќе од 25 корисници на дневниот центар Порака – Неготино учествуваа во волонтерската акција „Разбуди се во боите на летото“ со заедничка цел за обновување и ревитализација на дел од просторот на дневниот центар ПОРАКА Неготино и активирање на младите и промовирање на волонтерството.

Целата акција се реализираше во пресрет на летото кога корисниците на центарот поголемиот дел од денот го минуваат на спортското игралиште и во дворот на „Порака“.

Со акцијата целосно беше променет изгледот на дворот и поставениот ентериер, како и дел од просториите во кои се изведуваат обуки за користење на компјутери.

Акцијата се спроведе во рамките на проектот на УСАИД за граѓанско општество, а секој волонтер кој учествуваше во истата даде сопствен придонес.