[Фото] Волонтерите на „Чист Охрид“ во акција

Волонтерите на неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ вчера по 30-ти пат излегоа во акција да расчистуваат низ градот. Овој пат тие чистеа во околината на скалестата зграда.

„Граѓаните кои живеат во зградите напоменаа дека делот со тревниците се чистел вчера, меѓутоа од денешните фотографии може да се види дека чистењето било крајно неефикасно и површно – а оттука и нашите резултати. На теренот можеше да се забележи најразличен вид отпад, десетици стаклени шишиња, шприцеви и слично. Исто така тие ни пристапија најљубезно и се понудија да ни дадат на располагање алатки како гребла со цел поефикасно да ја завршиме акцијата“, велат од „Чист Охрид“.

Оттаму апелираат станарите да се координираат во куќен состав и во иднина да се преземаат акции на „своја рака“.

По акцијата

По акцијата