[Фото] Во внатрешноста на авионот што лета кон Северна Кореја

„Ер Коријо“ има само една ѕвезда на веб-страницата за рејтинг на авионските компании „Скајтракс“. Тоа најчесто се однесува за застарената флота и сомнителните безбедносни стандарди. Но, од данскиот фотограф Артур Мебиус тие имаат највисока оценка, со оглед на фактот дека останал воодушевен по летот со нив.

Фотографот нуди редок поглед за државната авиокомпанија на Северна Кореја. Неговата книга ја отсликува културата и естетиката на земјата.

„Јас едноставно бев погоден од љубовта за летање“, вели Мебиус за своето искуство. „Мојата намера беше да ја прикажам посветеноста на тимот што ја видов и да ја раскажам приказната на луѓето и нивните авиони“.

Авионите, или временските капсули како што ги нарекува фотографот, летаат единствено до две интернационални дестинации – Кина и Русија. Сепак, нивните летови речиси секогаш се полни со љубопитни туристи.

„На редовниот лет од Пекинг, авионот е нов Туполев или Антонов, кој не може да се разликува од современиот Ербас или Боинг”, изјави тој за Си-Ен-Ен. ж

„Иако летот трае само 90 минути, се служи бесплатен оброк заедно со топли и ладни пијалаци (и прв вкус на одличното пиво од Северна Кореја) од неверојатно љубезниот кабински екипаж”.

Но, ако се надевате на нешто чудно, нема да бидете целосно разочарани.

„Има некои ексцентрични допири”, додаде тој, “како што на пример се прикажуваат различни сценски изведби на севернокорејски музички бендови, комплетирани со бегел на воените маневри“, опишува фотографот.

Мебиус завршил со фотографирањето по три летувања кон Северна Кореја.