[Фото] „Во одбрана на Дебар Маало“: Нова сеча на дрвја на улица „Раде Кончар“

Општина Центар и Андреј Жерновски, и покрај тоа што декларирано се залагаат за зачувување на зеленилото во Дебар Маало, продолжуваат со сеча на дрва и намалување на зеленилото на сметка на проширување улици, изградба на згради и правење повеќе простор за тераси од кафеани, реагираат од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“, од каде испраќаат и фотографии.

Од иницијативата нагласуваат дека утринава биле сведоци на сечење дрва пред пензионерскиот дом на улица „Раде Кончар“ – таканаречената боемска улица во изградба.

„Ако продолжи овој тренд кој трае веќе со години наназад и не запира, од Дебар Маало ќе остане само грди вискококатници, бетон, многу многу автомобили, загаден воздух и кафеани во кои никој нема да доаѓа заради уништената амбиентална вредност и шарм на Дебар Маало. Срамно!“, стои во соопштението на „Во одбрана на Дебар Маало“.