[Фото] „Во одбрана на Дебар Маало“ бара да се зауздаат доставувачите кои создаваат сообраќаен хаос

Иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ бараат од надлежните да се активираат за да се реши проблемот со возилата-доставувачи по сообраќајниците.

„Денес се обраќаме и до скопскиот градоначалник Трајановски, но и до градоначалникот на Центар Жерновски со барање да го спроведуваат законот за ограничување на времето за достава на стока по маркетите и пазарите кои создаваат тесни грла, сообраќаен хаос и продонесуваат кон зголемена небезбедност. Поддржете ако се согласувате! Неколку слики за да заменат 1.000 зборови“, соопшти иницијативата на социјалните мрежи.

 

Фото: „Во одбрана на Дебар Маало“