[Фото] Во Градскиот парк во Скопје „никна“ куќичка на местото на трупец  

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изработија куќичка од трупецот на едно старо исушено дрво во скопскиот Градскиот парк.

„Идејата е, во иднина, наместо стеблата на сувите или болни дрва да се сечат до земја, да прераснат во разни интересни форми, кои се надеваме дека ќе претставуваат радост за сите минувачи“, соопштија од ЈП „Паркови и зеленило“.