[Фото + видео] „Nipplepeople“ го затворија 9. издание на „Здраво Млади“

Фестивалски расположени и енергични, мистериозната денс-атракција „Nipplepeople“ заедно со публиката, некаде околу 2 часот по полноќ, ја затворија главната сцена на деветтото издание на фестивалот „Здраво Млади“.

 

View this post on Instagram

 

#здравомлади #мкц #skopjecity #radiomof #УраЗаКултура

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Пред настапот на „Nipplepeople“, сцената соодветно ја „загреаја“ загрепчаните „Свемирко“, а на нив им претходеа британците „Fujiga & Miyagi“.

Публиката низ фестивалот уживаше и на музичките групи како кумановско-скопската енергична атракција „Rib“, која имаше и свој настап со вокалот на „Fujiya & Miyagi“.

Исто така, можеше да ги слушне „Operators“ со Ден Бекнер, човек што зад себе остави белег во неколку алтернативни бендови од почетокот на милениумот. Аудиториумот следеше настап додека нивното име беше напишано во позадина на кирилица -„Оператори“.

Меѓу настапувачите се вброија и „Dillon“, „Mueran Humanos“ и „ZeeBomb“ заедно со „Matej Foltz“.

Новата локација на фестивалот, во паркот позади Младинскиот културен центар (МКЦ), ја исполнија голем број луѓе. Сите ја проследија и изложбата на Зденко Петровски насловена „МКЦ Документ“, архива на многубројните настани организирани во културното прибежиште МКЦ.

Паралелно со главната сцена, во холот на МКЦ, фестивалџиите следеа и ди-џеј сетови на „Alex Acid“, „Stojche“, „Vivian Koch“, „Conforce“, „Scott McCloud“, како и музичката селекција на „DJ Emily“ и „DJ Loshko“.

Паркот на МКЦ младите го искористија за да одиграат некоја партија куглање, а во позадина за гладните се наоѓаше и штандот на „Веган 365 кујна“.

Новитет годинава беше и безготовинско припејд купување со современи инструменти/картички. Платежната картичка на фестивалот беше со дизајн инспириран од Дејвид Боуви, како уште еден музички белег низ стотиците свирки и настани на МКЦ. За да бидат врежани сите млади и не-толку-млади, нови и стари, сојузници во приказната на „Здраво млади“.