Вечерва во Скопје се одржа голем протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија, на кој беа изнесени барања за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати за 6.000 денари. На протестот се приклучија повеќе синдикати, изразувајќи го револтот кон институциите за кои сметаат дека се директно виновни и одговорни.

Протест започна во 17:00ч. пред зградата на ССМ, од каде топлата се упати кон Собранието, каде пред граѓаните се обрати Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Во својот говор тој најави дека синдикатот ќе поднесе закон со кој ќе се намалат платите на функциониретите, а ќе се зголемат платите на работниците, а меѓудругото се осврна и на лошиот и игнорантен однес кој институциите го покажале кон работниците и Синдикатот.
Финална цел на протестите беше Владата, каде што покрај барањата, од страна на организаторите упатија и предупредувачки пораки за можна радикализација на протестите, која ја најавуваат како крајно решение, во случај институциите да не постапат и не ги исполнат сите нивни барања. Тие порачаа дека нема повеќе да молчат, туку дека ќе се борат за зголемување на платите и подобар живот за работниците. Симболично, во знак на револт, на крајот на протестот граѓаните и го свртеа грбот на Владата.






