[Фото + видео] Мајки на двајца малолетници бараат институционален третман, а не пакетчиња за синовите

Која мајка сака да си го гледа детето како ѝ умира од дрога. Оваа мака ги мачи Шехерзад и Рафаела, мајки на двајца малолетници Џингис (14) и Акиф (9), кои имаат речиси исти животни приказни – дуваат лепак по скопските улици. Свесни дека се немоќни, бараат помош од институциите. Не во пакетчиња, облека и храна, туку сериозен институционален третман за нивните синови.

Целиот прилог може да го погледнете подолу, како дел од рубриката ФоТон на МКД.мк.