Март 2017, состојба на велосипедската патека на Рута 1 од проектот „Скопје Велоград 2017“. Одличен паркинг за автомобили, веруваме дека сопствениците се добронамерни граѓани кои ги оставиле колите „на 5 минути“ да скокнат во близина да си завршат некоја работа, соопштуваат од велосипедската иницијатива „НаТочак“, презентирајќи фотографии од велосипедската рута.
Од „НаТочак“ потсетувааат дека проектот „Скопје Велоград“ е многу поширок концепт од обележување сообраќајна површина со бела боја и прогласување за велосипедска патека.
„Пожелно е таа сообраќајна површина и да е возлива НаТочак!“, велат од иницијативата.