[Фото] Урбана акција во Паркот на Франкофонијата за најмалите да ја сфатат важноста на дрвјата

Петар Пан и Ѕвончица долетаа во Паркот на Франкофонијата. Со оваа нова акција, урбани уметнички активисти започнаа процес на повеќе естетски интервенции наменети за најмладата публика. Во наредниот период паркот ќе го посетат и Супермен, Атомската мравка, покемоните, Бетмен  и Робин Худ.

„Идејата на оваа акција покрај естетската димензија и радување на најмладите да се истакне важноста на старите и возрасни дрвја и потребата за нивна заштита не само од сечење туку и потребата за кастрење на мртвите гранки и обликување на крошните бидејќи улогата на старите и возрасни дрвја е незаменлива во филтрација на онака загадениот воздух во Скопје“, велат од екипата на урбани уметнички акции.