[Фото] УНДП: Гостивар се подготвува за отворање на првиот Младински ресурсен центар

Во каков простор би сакал да функциорани успешен стартап? Дали простор за работа претставува фактор X во успехот? Гејминг или активити соба? Кои се очекувањата на генерацијата Z кога станува збор за учење и работа?

Ова се прашањата на кои деновиве студенти, идни претприемачи и професионалци разговарале и споделувале идеи за идниот модерен и иновативен простор на Младинскиот ресурсен центар, кој треба да почне со работа оваа есен, соопштија од УНДП.

„Во новиот простор, младите лица ќе имаат идеални услови за наградба на своите вештини, но и за стекнување со практично знаење дирекно од успешни регионални бизниси“, се вели во соопштението на УНДП, од каде објавија и визуелизации од Центарот во Гостивар.

Активноста е дел од проект за зголемување на вработиливоста на младите и ранливите категории во полошкиот регион кој УНДП го спроведува со поддршка од Амбасадата на Швајцарија, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

Според претходните најави, Центарот ќе служи како младински хаб за целиот полошки регион, со широк спектар на сервиси поврзани со младите и работодавачите. Во исто време, идејата е Центарот да биде и стимулативна средина за локалните старт – ап компании, но и дополнителна поддршка за иницијативите поврзани со социјалните претпријатија.

Во ноември 2019, за формирање со центарот, УНДП заедно со партнерите и Општина Гостивар потпишаа Меморандум за разбирање.