„Сакаш непречено движење? – Асфалтирани улици и тротоари се општинска работа“, „Сакаш да готвиш? – Буџетската манџа е општинска работа“. Ова се дел од слоганите на новата кампања на Консалтинг за стратешки развој и Акција Здруженска. Таа има за цел да го зголеми познавањето на жените за надлежностите на општината и зајакнување на нивните капацитети за идентификување и изразување на нивните приоритети во однос на буџетот.
Кампањата се спроведуваше во изминативе шест месеци, а е изработена во рамките на регионалниот проект на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“, финансиски поддржан од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка.