[Фото] Тајните на ноќното небо – астрофотографска галерија на бугарскиот фотограф Михаил Минков

Михаил Минков е фотограф од Софија, Бугарија. Уште од дете го фасцинирале ѕвездите и ноќното небо. Голем дел од своето време го посветил на фотографирање и откривање на тајните на ноќното небо и Млечниот пат.

„Поминав безброј часови во текот на ноќта сам, но не и осамен под ноќното небо од февруари до крајот на октомври 2020 година“, вели тој.

Минков објави своја голема фотогалерија на платформата BoredPanda, каде опишува дека престојот под ѕвездите, смиреноста и осаменоста што ги дава ноќта го прави да се чувствува понизно и смирено.

„Толку многу луѓе никогаш не го виделе Млечниот Пат со свои очи, што е штета бидејќи стоењето под лакот на Млечниот пат во топла летна ноќ е искуство кое никогаш нема да го заборавите. Благодарение на мојата камера што реагира на светлина, можеме да видиме детали на ноќното небо што не можеме да го видиме со голи очи“, посочува Минков.

Во продолжение, погледенте дел од неговата астрофотографска галерија: