[Фото] Тајландска 3Д уметност на тул

Младиот тајландски уметник Утапорн Нималаикаев прави 3Д слики на мрежеста ткаенина. Тој ја открил техниката случајно во 2001 година, кога за време на студирањето во Универзитетот Силапакорн во Бангкок, тој забележал боја на неговата мрежа за комарци. Нималаикаев наскоро сфатил дека би можел да создаде впечаток на длабочина и волумен, со комбинирање на повеќе слоеви.

„Започнува со дигитален цртеж со извртени линии во човечки облик. Потоа, дигиталниот цртеж се печати во природна големина за да ја добие основната форма и текстура. Слоевите се бојат со масло. Со текот на времето, научив дека тулот бара друг начин на создавање реална светлина и сенка за материјалот. Горниот слој дава детали за оптичката илузија. Тогаш, го поврзувам секој слој со чист кополимер за се да се вклопи и да се создаде длабочина на сликата“, објаснува овој уметник.