Граѓаните на скопската населба Тафталиџе денеска се собраа на ул. „Варшавска 19″ за да го изразат својот револт против изградба на нова зграда која треба да „никне“ на местото на некогашна барака.
Тие се против како што велат „масовното урбанизирање“ на населбата. Бараат општината да изнајде решение.
„Целта на овој собир е организација на граѓаните од оваа населба за да се сопре масовниот замав на урбаната мафија во Карпош, пред да биде предоцна“, најавуваа организаторите.
„Во моментов на територијата на населба Тафталиџе 1 во изградба се над 25 повеќекатници, без притоа да се земат во обзир релевантни фактори неопходни за неормално и непречено секојдневие на граѓаните на оваа населба“, велат тие.
На собирот е видливо присуството на полицијата.