[ФOTO] Студенти од домот „Стив Наумов“ се израдуваа на пристојниот ручек

„Is this the real life? Is this just fantasy?“ е само еден од коментарите на ФБ групата на студенти од скопскиот студентски дом „Стив Наумов“ , на сликата на која е покажан вчерашниот ручек во мензата.

На менито има зелка салата, месо, компири, но и зеленчук, како и јаболко за студентите.

Ваквите реакции доаѓаат и по објавата на истражувањето на Младинскиот образовен форум, во кое покрај останатото, имаше забелешки и на квалитетот на храната која ја добиваат студентите.