[Фото] Студенти ја блокираа Партизанска: #УштеКолку треба да загинат на скопските улици?

„Доживотен затвор за убиецот“, „Кое е твоето вистинско име?“ „Уште колку?“ – со овие транспаренти во рацете челеновите на Студентски пленум го блокираа булеварот „Партизански одреди“, во делот кај  Универзална сала. Со герила акција за трагично починатата колешка Фросина, тие потсетија дека нејзината фамилија бара да се пронајде вистинскиот убиец. Судски епилог од случајот во кој беше прегазена младата девојка од Крива Паланка се уште нема.

Пленумци прашуваат „#УштеКолку треба да загинат на скопските улици?“