[Фото] Струмичките волонтери на Црвен крст со перформанс против трговија со луѓе пред матурантите

Со перформанс на градскиот плоштад и делење флаери меѓу граѓаните, младите волонтери на Црвениот крст во Струмица ја реализираа кампањата против трговијата со луѓе.

Симболично ги прикажаа последиците од овој глобален проблем. Нивната идеја беше да го актуелизираат ова прашање во склоп на матурскиот бал и да им понудат информации на матурантите како да се заштитат.

Во активноста се вклучи и одделот за превенција при СВР Струмица, кои пак, ја продолжија нивната кампања за подигнување на сообраќајната култура и безбедност на матурантите. Тие им апелираа да не управуваат со моторно возило под дејство на алкохол во тек на претстојните матурски прослави.