[Фото] Статуи од гол Трамп се појавија во неколку поголеми градови во САД

Статуи од гол Доналд Трамп се појавија во повеќе градови ширум САД. Тие се дело на невладината организација „Индиклајн“ и се еден вид на протест против учеството на републиканскиот кандидат на изборите.

Статуите се речиси во исто време поставени на повеќе јавни места во Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско, како и во Кливленд и Сиетл.

Тие веднаш беа тргнати од властите, но на социјалните мрежи брзо се проширија фотографии од луѓето кои се фотографираа со статуите.

Секоја од статуите е декорирана со знакот на кој вели „Императорот нема јајца“.