[Фото] Средношколци во друштво на успешните светски менаџери

Во периодот од 22 – 25 јануари во Скопје и Тетово се одржа вториот по ред бизнис-иновативен форум чиј фокус беше ставен на поддршка на иновативноста преку регионална и интернационална соработка.

Најинтересна за младите беше презентацијата на турскиот претприемач и бизнис-ангел, Бајбарс Алтунтас, чие богатство е проценето на повеќе од 50 милиони долари. Алтунтас одржа презентација на тема „Како да го направите својот прв милион?“, а со тоа го привлече вниманието на најмладите, кои иднината ја гледаат во бизнисот и претприемништвото.

Учениците од повеќето скопски гимназии имаа можност да се запознаат со овој турски милионер и да го разговараат повеќе за своите идеи и амбиции.

Во рамки на форумот гостуваа повеќе репрезентативни светски успешни менаџери кои преку разни презентации и панел-дискусии го пренесоа своето искуство и знаење на присутната публика.